Минатава сабота во сите поголеми градови пред Австралискиот воен споменик се одржа традиционалната прослава за “Денот на сеќавање”.
Точно во 11 часот наутро на 11 ноември 1918 година, топовите и пушките замолчале после повеќе од четири години непрекидна борба. Оваа година се одбележаа 99 години од прекинот на Првата светска војна.
Австралија во нивна чест застанува за да им даде почит на сите оние што се бореле и починале во сите воени конфликти. Помеѓу присутните во Канбера на ова одбележување помеѓу дипломатскиот кор беше и амбасадорот на Република Македонија Веле Трпевски, кој положи венец пред паметникот во главниот град на Австралија во име на Р. Македонија.
