Во средата, на 4 мај, Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија традиционално ја одбележа 113 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев.
На убавиот есенски ден се собраа Македонците да му оддадат почит на еден од најсаканите револуционери на нацијата. Тој пред повеќе од еден век бил предвесник на идејата за самостојна Македонија, а во 1903 година, откако бил предаден, во нерамна борба со турската војска загинал крај селото Баница (дел од општина Серес) што е во Грција и е целосно испустено и уништено по Втората светска војна од страна на грчката армија.
Пред единствениот паметник на великанот и борецот за слободна Македонија во Мелбурн панахида одржа отец Лука Атанасовски, а претседателот на општината Мирчо Ангеловски одржа пригоден говор.
Дента, по свечената комеморација, делегаците на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, КУД Светлост, Децата Бегалци, Пензионеркста група на општината, МПЦ Успение на Пресвета Богородица и радио водителот Боб Велински положија венци пред паметникот на Гоце Делчев во Епинг. По комеморацијата присутните се собраа во клубот на црковната општина на приготвениот коктел.







