Сеќавање за Лазо Наумовски

Неодамна во Скопје, Република Македонија, на 74 годишна старост почина долгодишниот познат активист во Перт, Западна Австралија, г-дин Лазо Наумовски, кој е роден во преспанското село Љубојно.

Во далечната 1971 година Лазо заедно со фамилијата, сопругата Васка и синот Зоран пристигна во Перт и веднаш се приклучи кон општествениот живот на македонската заедница и заедно со поранешните активисти Целе Кузманаовски, Пецо Балтовиќ, Трајан Милевски, Пецо Ковачевски, Ештрев Абураманоски, Ислам Абураманоски, Вангел Ристески, Георги Парговски и Тасе Стефановски го оформија Македонското друштво ” Вардар”, каде за прв претседат беше избран Живко Гаштев.

Лазо секогаш се грижеше за доброто на својата македонска заедница и по тој повод, во 1985 тој покрена иницијатива за спасување на Македонската Православна Црква “Свети Никола” од банкрот заради тогашното погрешно финансиско работање и заедно со други активисти го соединија членството на Македонскиот Спортски Клуб Вардар со МПЦ ” Свети Никола” на 69 Ангове Стреет Нортх Пертх, во лицето на Македонската обединета општина. Имено тој за да ја спаси честа на црквата од тогашниот МСК Вардар одобри префрлување финансиски средства за исплата на сите заостанати долгови. Покрај другите активности Лазо беше и поранешен член на епархискиот управен одбор во Австралија, заменик претседател на Македонската обединета општина, организатор на разни фестивали и водител на македонскиот радио час во Перт.

За неговото историско дело тој беше избран и за доживотен почесен претседател на МПЦ “Св Никола” на 69 Angove Street North.

Секогаш добронамерен но по македонски стил понекогаш погрешно разбран Лазо со широко срце беше отворен кон сите што му мислеа добро на нашинецот во Австралија.

Почивај во Мир.

Останати вести