Финците потврдија: Во Скопје секој трет умира од загаден воздух

За 30% е зголемена можноста за смрт поради загадениот воздух во Скопје кај лицата со срцеви проблеми белодробни заболувања или друга хорнична болест поврзана со дишењето. Ова не е калкулација туку реалност. Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Кавадарци… се едни од најзагадените градови во Европа.

Македонско – финската студија изработена за скопскиот регион покажала дека годишно умираат 1.300 луѓе од загаден воздух, податоци за кои знаел, а ги криел Државниот завод за статистика. Најубиствени во последните 3 години во воздухот се канцерогените или најмалите 2,5 ПМ честички.
Според концентрацијата на овие честички Скопје е најзагадениот град главен град во Европа, со 70 микрограми на метар кубен во просек или двојно повеќе од Будимпешта и Букуршет кои се веднаш зад Скопје. Претставникот од Институт за јавно здравје на Финска и учесник во истражувањето за скопскиот регион предлага мерки кои неговата земја ги имплементирала пред 30 и повеќе години.
„Во 60-тите и 70-тите години во Финска беа изградени централи за топлинска енергија за сите домови. Финска имаше еден од најстарите возни паркови во Европа, но со обновата на возилата во последните 30 години и почитувањето на пропишаните европски правила за емисија на штетни издувни гасови, а во 80–те години се случи најголемиот напредок во индустријата за намалување на загадувањето.”
Препораките од градската власт и врнежливото време не ги даваат резулатите. И по три бранови на врнежи од снег Скопје бележи 8-10 пати повеќе опасни честички во воздухот од дозволеното.

Останати вести