Владата на Австралија поведе судска постапка поради сомневањата дека рекордниот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Викторија и причините за воведување на нови мерки на карантин во Мелбурн и во уште една област се предизвикани од секс-скандал.
Имено, сомнежот е дека вработените чувари не ги почитувале протоколите во хотелите користени за карантин по пристигнувањето на патници од меѓународните летови. Тоа непочитување на мерките вклучувало и сексуални односи со гостите во текот на престојот во карантин. И Даниеле Ендрус премиерот на Викторија, ќе издвои три милиони долари за комисија што ќе ја води истрагата. Тој претходно рече дека многу случаи на зараза во текот на минатите два месеца најверојатно произлегуваат од прекршувања во текот на карантинските програми во хотелите, каде патниците од странство мораа да поминат 14 дена во карантински услови.
Националната телевизија Еј-Би-Си наведува дека 31 случај на зараза со Ковид-19 се поврзани со хотелот „Стемфорд плаза”, а другите, пак, со хотелот „Риџес на Сванстон” во центарот на Мелбурн.