Вера Секуловска, членка на глобалниот совет на директори на Обединетата Македонска Дијаспора и една од директорите на ОМД за Австралија објави свој твит од пред две години кој покажува дека ништо не е променето во Македонија.
Тогаш Вера пишувала за националниот пораз од Грција а сега во прашање е слично сценарио со Бугарија.
“Мојот твит од пред 2 години за #Македонија! Тогаш се поклонуваше на Грција, сега е на Бугарија. Ништо не е променето и никогаш нема да се промени, освен ако македонските политичари не започнат да покажуваат ‘рбет!”, пишува Секуловска.
“Ситуацијата во која се наоѓа Македонија денес е очигледно случај во кој дава фундаментални ветувања и преземања на иницијатива од корист за друга држава. Ваквите постапки се спротивни на сопствената државност.