За волја на вистината годинава се регистрирани низа напади од ајкули од Северна Каролина до Австралија.
Но, статистиките покажуваат во 2015-та ајкулите биле помала опасност за туристите отколку правењето селфи. Бројките велат дека до август имало потврда за осум смртни случаи поврзани со напад на ајкули, додека во истиот период имало најмалку десет смртни случаи поврзани со селфи. Руското министерство за внатрешни работи реагирало со објава на серија малку чудни, но неопходни предупредувања. Порачуваат: Не правете селфи на пруга, во близина на опасни животни, со оружје, на покриви, ниту држејќи се за возови во движење. Од ЕУ во јуни дури и предложиле криминализација на одредени видови на селфи.