Центарот „Симон Визентал” ја повика управата на музејот со восочни фигури „Де Мата” во Индонезија да ја отстрани фигурата на поранешниот лидер на Третиот Рајх, Адолф Хитлер, која што е поставена пред фотографија на концентрациониот логор Аушвиц.
Од Центарот во Лос Анџелес, од каде што се спроведуваат кампањи за антисемитизам и против негирањето на Холокаустот, соопштено е дека поставувањето на фигурата на Адолф Хитлер пред озлогласениот нацистички логор е „одвратно” и тоа претставува исмејување на жртвите од холокаустот.
Од организацијата за човекови права „Human Rights Watch” оваа изложба на восочната фигура на Адолф Хитлер ја нарекле „болна”, пренесува новинската агенција „AP”.
Од индонезискиот музеј го бранеа поставувањето на фигурата на поранешниот нацистички лидер затоа што фигурата претставувала „забава за тинејџерите” кои што често правеле селфи со Адолф Хитлер.