Почина креаторот на комичниот лик Селим Селиу

По долго и тешко боледување, на 66-годишна возраст во родното Скопје почина хумористот Емин Унџел. Иако целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонското радио, тој останува најпознат по учеството во хумористичните радио-емисии на “Хихирику” и претставите кои произлегоа од ова шоу.

Емин 40 години го толкуваше ликот на Селим Селими во хумористичната емисија “Хихирику”, што го креираше заедно со авторот Иван Карадак.
“Беше роден комичар, кој можеше да ги насмее и најголемите намќори и пријатели. Го сакаа и почитуваа сите. Емин беше најшармантниот од сите нас во ‘Хихирику’,” изјави непосредно по погребот актерот Ѓокица Лукаревски, еден од неговите најдиректни партнери и цимери во патувањата низ дијаспората.
Неразделната екипа на најслушаната радиоемисија “Хихирику” го испрати достојно својот драг пријател и колега, со кого ја засмејуваа јавноста со децении наназад, и сите велат дека Емин беше топол, питом човек, неповторлив, извонреден татко, грижлив кон семејството. Непосреден, тој за јавноста не ја криеше својата стрв кон благото: “Турчин што не јаде благо, не е вистински Турчин”, низ смеа зборуваше за баклавите, за кад, ѓобек, за шеќер-паре.

Останати вести