Македонско Австралиската Добротворна Организација од Сиднеј, во рамките на своите проекти, покарај другите програмски активности, продолжува сообјавување на артикли во нашите ценети и реномирани македонски весници. На овој начин, би сакале, сите членови во македонската заедница кои учествуваат во проектите, како и пошироката македонска заедница, редовно да бидат информирани на разни теми
Во ова издание ќе зборуваме за Факторите на ризик и причините за семејното насилство.
Како што назначивме во минатото издание под семејно насилство се подразбира акочлен од семејство со примена на сила, закана или заплашување врши телесни повреди, емоционална, сексуална злоупотреба и/или материјално, сексуално или работно искористува друг член на семјството.
Жртвите на семејното насилство може да бидат и од женски и од машки пол на било која возраст, а може да се случи во различни видови на врски. Може да се случи било каде во светот, во сите заедници, во градовите или руралните области и на секого без разлика на животниот стил и социјална класа.
Иако семејното насилство се појавува во било која возрасна група, културна припадност или социјално економска група, сепак, истражувањата покажуваат дека некои лица се во поголем ризик да доживеат разни форми на семејно насилство од други. На пример, изложеност на насилство во детска возраст, консумирањеалкохол или проблем со зависностите од дроги, финансиски или личен стрес како и недостаток на социјална поддршка се фактори кои многу блиску се поврзуваат со семејното насилство.
Најчестите фактори кои може да доведат до семејно насилство се поврзани со користење на алкохол или дрога од страна на извршителот на насилството; жртвата била изложена на семејно насилство во детската возраст, или била самата жртва на насилство како дете; бременоста или разделеноста на партнерите; финансиските проблеми; личниот стрес и недостатокот на социјална подршка или изолираноста.
Иако жртвите на семејното насилство може да припаѓаат на било која возрасна група, може да бидат од било кој пол или со различен животен стил, сепак постојат неколку поризични групи што е важно да се напоменат.
Жените и децата спаѓаат во најризичната група кога се зборува за семејно насилство. Повеќето истражувања покажуваат дека 90-95% од жртвите на семејното насилство се жени чии злоставувачи се машките партнери или бившите партнери. Према испитувањата, младите жени се поранливи во однос на насилство во врските заради нивното неискуство, разликата во годините со партнерите и недоволниот пристап до службите за помош во врска со овој проблем.
Бројот на припадничките на домородното население (Абориџините), како жртви на семејно насилство, е и до 6 пати поголем во однос на жените од другите заедници, а исто така тие страдаат од побрутално насилство во однос на жените од неабориџинско потекло.
Иако генералните податоци не покажуваат голема разлика во пријавените случаи на домашно насилство во руралните и градските области, сепак некои податоци покажуваат дека жените во руралните области спаѓаат во ризична група во однос на семејното насилство, посебно во однос на насилство од предходните партнери. Фактори кои допринесуваат кон ова се лошиот пристап до службите, стравот од недостаток на тајност и анонимност, стигмата поврзана со јавноста на овој проблем и недоволната поврзаност со останатите делови во смисол на транспорт и телекомуникации.
Другите видови на ризични групи се припадничките од различно културно и јазично потекло, жените со некој вид на онеспособеност како и постарите лица.
Генерално, многу е тешко да се добијат точни податоци за бројот на лицата од неанглиско говорно потекло како жртви на семејно насилство. Припадничките од различно културно и јазично потекло поради културни, религиозни и јазични причини, вклучувајќи ја и стигмата поврзана со домашнот насилство не сакаат јавно да зборуваат за насилството во нивните домови, да бидат учесници на истражувањата поврзани со семејното насилстви или отворено да зборуваат за овој проблем.
Во однос на лицата со онеспособеност и постарите лица има точни податоци дека припадничките на овие групи поверојатно ќе бидат жртви на семејно насилство, посебно оние кои имаат некој вид на онеспособеност, во однос на оние без онеспособености. Лицата со онеспособеност се ризична група поради нивната социјална и културна подреденост и зголемена зависност. Затоа овие лица се поподложни на специфични видови на злоставување како што се отстранување на справи за помош, стопирање на лекови, изолација, неглект и заканување со сместување во институции. Возрасните лица кои имаат интелектуални или психијатриски онеспособености се посебно во ризик од сексуално злоставување или искористување.
Семејното насилство има голем импакт врз многу делови од заедницата. Импактот е посебно голем врз криминалот/убиствата во општеството, здравството, децата, бездомномништвото, државната економија и вработеноста.
Заради големината на овој проблем се разгледуваат стратегии кои би помогнале на жртвите на семејното насилство. Тука се вклучуваат подигнување на свеста за овој проблем во заедницата преку превентивно образување на децата и младите луѓе, вклучувајќи ги момчињата и мажите; подобрување на процесот на законското признавање на семејното насилство; жртвата да не е покренувач на процесот и подобрување на реакцијата на полицијата кон семејното насилство.
Во дополнување, жртвите на семејното насилство можат да се заштитат и самите себеси со контактирање на соодветни служби во заедницата. Овие служби можат да помогнат со овозможување на индивидуално советување, правен совет или обезбедување на вонредно сместување. Помош и информации исто така можат да се добијат со контактирање на Телефонската линија за помош при семејно насилство (Domestic Violence Hotline) на 1800 65 64 63.
Доколку е потребна помош од преведувачи може да се контактира Сервисот за преведување (Translating and Interpreting Service) на 13 14 50, кој може да помогне при контактот на соодветната служба. Доколку жртвата на семејно насилство сака да го напушти партнерот или да го отстрани лицето кое ја злоставува, таа ќе има потреба од правен совет и помош да добие наредба за одстранување на злоставувачот (Apprehended Violence Order-AVO), која служи за предупредување за напаѓачот да не се заканува или вознемирува жртвата.
Барањето помош може да биде тежок процес, но ова е прв чекор кон помирен и сигурен семеен живот.
Лихнида Бахчанџиева – Тасеска, Project Officer