Австралиската сенаторка Лариса Вотерс стана првата пратеничка која го доеше своето бебе во австралискиот парламент.
Таа е член на левичарската партија на зелените, а своето две месечно бебе го доеше за време на гласање во парламентот. Гестот на сенаторката се смета за историски, откако минатата година Долниот дом дозволи доење бебиња, но досега никој не се охрабри да го направи тоа. Потребни ни се повеќе жени и родители во парламентот, работните места мора да бидат пофлексибилни кон семејствата, а грижата за децата подостапна за сите, изјави Вотерс.