Сенатот почнува со работа

Членовите на двете нови партии во Сенатот конечно ќе можат да почнат со работа, од кога и службено е објавен нивниот избор.

Компјутерски програм ќе помогне да се утврдат победниците за 12 места во Сенатот на Јужна Австралија, а се очекува дека резултатите од изборите ќе бидат објавени во текот на оваа недела. Конечните резултати од останатите држави ќе бидат познати при крај на неделата. Дел од новиот Сенат ќе бидат и три сенатори од партијата на Nick Xenophon и тројца од партијата One Nation. Ново избраните сенатори во текот на последниот месец, додека го чекаа пребројувањето на гласовите за избор за Сенат не можеа да се вселат во своите канцеларии и да почнат со работа со своите работници.
Посебниот државен министер Скот Рајан рече дека кога составот на Сенатот конечно ќе биде познат, владата многу набрзо ќе почне со расправа со главните независни пратеници во Сенатот за клучните прашања како што се заштита на пожарникарите доброволци од синдикалните договори и сопирање на кражбите на градилиштата. „Ова на владата ќе и даде можност да седне на маса со новите сенатори и да преговара за донесување и давање поддршка за носење закони” – рече сенаторот Рајан.
Иако се приближува крајот на изборите, гласачите од изборната единица Herbert во Квинсланд можеби ќе мораат повторно да излезат на избори при крај на годината. Австралиската изборна комисија најави дека Cathy O’Toole од партијата на лабуристите во Herbert го победила пратеникот од Либералната народна партија Ewen Jones со само 37 гласови предност. Jones би можел да ги оспори резултатите на Жалбениот суд, по тврдењата за неправилности, вклучувајќи го и фактот што на војниците не им било овозможено да гласаат додека биле на воена вежба во Јужна Австралија. Доколку не дојде до промена на изборните резултати во Herbert, Колацијата ќе има мнозинство од само едно пратеничко место во пратеничкиот дом. Сенаторот Рајан одби да каже дали повтореното гласање во Herbert ќе го одложи предложениот референдум за истополни бракови, најавен за следната година. Но, рече дека лабуристите ќе бидат виновни ако Сенатот не дозволи да се одржи референдумот. Зависно од конечниот состав на Сенатот, на владата ќе би биде потребна поддршка на лабуристите или на девет независни пратеници за носење закони. Промени на законот за гласање за Сенатот и одлуката на прајминистерот Малком Трнбол за распуштање на двата дома на парламентот допринесе пребројувањето на гласовите за Сенатот по изборите на 2 јули, да се продолжи за еден месец. Лидерот на NXT, Nick Xenophon рекол дека новиот систем на гласање за Сенатот, на бирачите им дава можност за поголемо влијание при бирање пратеници. На сенаторот Nick Xenophon ќе му се придружат и партиските колеги Stirling Griff и Skye Kakoschke Moore. Ново избраната пратеничка за Mayo, Rebekah Sharkie, веќе се всели во својата канцеларија во изборната единица Mt Barker.

Останати вести