Сент Албанс Сентс – Алтона Маџик Вардар 0:0

Прва лига на Викторија, 21 коло

Без голови со поделба на бодовите е реалната завршницата од овој натпревар.

Се играше претежно по средината на теренот и одвај се чекаше судијата да отсвири крај на средбата. Вардар имаше еден удар во стативата во 90 минути игра, додека домаќините имаа три шанси пред голот. Тренерот Пеце Стојевски со екипата под негово водство ја завршува сезоната меѓу првите шест екипи и иако многумина сакаат да ја видат Алтона Маџик Вардар во Премиер лигата, тоа моментално е тешко изводливо. Главен проблем би биле финансиите, бидејќи клубот го има секој друг капацитет за да се носи во повисоката лига.

Во последното коло, в сабота, на 21 септември, Алтона Маџик Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Вестерн Сабрбс со почеток во 15:00 часот.

Останати вести