Сергеј Андреевски: За замајување на народните маси татко ми е најцитиран во Собранието

Сликарот Сергеј Андреевски, син на нашиот познат поет и писател Петре М. Андреевски во интервју за “Плусинфо” зборува за неговата неодамнешна самостојна изложба, но и за секогаш актуелните теми поврзани со пирејот, македонскиот народ опишан во прочуениот роман на неговиот татко, за креативното наследство во неговото семејство. 

Во Слоештица се наоѓа и гробот на еден од столбовите на македонската литература, на татко ти, Петре М. Андреевски. Како се слави пирејот?

– Гробот на татко ми најреално го објаснува феноменот на продолжување на животот на еден творец и по физичкото отсуство. Неговото вечно почивалиште е често посетено место од литературни вљубеници, авантуристи и обични посетители, иако тука државата буквално ни со прст нема мрднато. Секако, имаме безброј примери каде што таа активно вложува огромни средства за безначајни проекти. Дури и во Парламентот од осамостојувањето до денес татко ми е најцитираниот автор, но овојпат за задоволување и заведување, или замајување, на народните маси.

Што за тебе значи пирејот, иако татко ти до детаљ го има објаснето тој принцип на живеење?

– Пиреј е заштитниот знак на Македонецот. Тоа е нашата лична карта. Во романот сѐ е објаснето за нас Македонците, народ во исчезнување. Народ со огромна самоуништувачка моќ. Секако, во зборот „пиреј” е содржано и правдољубието, честа, вистината за себе и светот околу тебе.

Останати вести