Австралија купува од САД шест дронови за вртоглави 6 милијадри долари

Австралискиот премиер потврди дека Австралија ќе купи шест американски напредни дронови за кои што ќе потроши 6 милијарди долари.

Малколм Турнбул потврди дека Австралија ќе купи од САД шест “MQ-4C Triton” беспилотни летала со цел да го зајакне надзород над своите брегови.
Сепак, тоа што најмногу се истакнува при оваа зделка е цената на дроновите – имено, Австралија за еден дрон ќе плати дури една милијарда долари, што значи дека вкупниот износ кој ќе го заработат Американците, кога ќе се пресмета и одржувањето на дроновите најверојатно ќе изнесува и повеќе од 6 милијарди долари.
Овие дронови ги произведува американската корпорација “Northrop Grumman Corp”, а Австралија планира да ги користи за патроли заедно со своите “P-8A Po­sei­don” авиони. Во случај на евентуална војна, дроновите ќе можат да детектираат дури и непријателски подморници, што значи дека најверојатно ќе може да бидат пренаменети и за воени цели. Напредните американски “Triton” дронови можат да летаат и до 24 часа и имаат посебни сензори кои што надгледуваат простор во радиус од неверојатни 2 илјади наутички милји, што е убедливо најмногу во светот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој што ја промовира американската воена индустрија, секако ќе биде задоволен од целата зделка, а неодамна австралискиот премиер изјави: „Нашата алијанса со САД е нашиот најважен одбранбен однос кој што се истакнува по силната соработка во одбранбената индустрија и развојот”.

Останати вести