Сиднеј ФК – Мелбурн Виктори 2-4

Мелбурн Виктори во 6. коло во фудбалската А-лига на Австралија го прекина извонредниот почеток на сезоната за Сиднеј ФК, нанесувајќи им го првиот пораз годинава.

Нешто помалку од 16.000 гледачи го следеа натпреварот помеѓу лутите ривали.
Уште во првите 28 минути паднаа четири гола, по два од двете страни. Прв го отвори резултатот Филип Холоско за водство на Сиднеј ФК со 1-0.
Само четири минути подоцна Бесарт БериШа израмни на 1-1. Во 20. минута Алекс Броски ги доведе домаќините до ново водство, со 2-1.
За израмнување се чекаше до 28. минута, кога Гаи Финклер убаво се ослободи од Даниел Георгиевски и од агол Бразилецот го совлада голманот за 2-2.
Во второто полувреме, иако домаќините ја имаа иницијативата, сепак, поснаодливи беа гостите од Мелбурн. Во 68. минута Коста Барабарусес го донесе тимот на Виктори до првото водство со 2-3, а малку подоцна Бериша вторпат се запиша како стрелец, во 92. минута, за конечните 2-4.

Останати вести