Нашиот претставник е шампион на Западна Австралија

Премиер лига на Западна Австралија, 22 коло

Банбури Форум Форс – Стирлинг Лајонс 0:1

Во последното коло нашиот претставник од Перт ја совлада на гостувањето екипата на Банбури Форум Форс со 1 спрема 0.

 

Оваа сезона сигурно ќе треба да се памети во историјата на Стирлинг Лајонс, кој супериорно се задржа на првото место со 17 победи, 3 нерешени и 2 изгубени натпревари.   Честитка до клубот кој навистина достојно ги претставува Македонците од Западна Австралија.

Во последното коло второпласираниот тим на  Бејсвотер Сити загуби со 1 спрема 0  од Соренто. Со овој резултат во последното коло тој остана со четири бодови зад нашиот претставник.

 

Останати вести