Со доаѓањето на претседателот и спонзор на Алтона Мaџик Вардар, господинот Игор Георгиевски, многу работи во овој клуб се променија. Се формираа нови млади тимови во сите категории, се работи тимски, континуирано и резултатите се веќе видливи.
Првиот тим на Алтона Maџик Вардар убедливо води во Првата фудбалска лига на Викторија и е на добар пат да се врати во Премиер лигата. Другите екипи се исто така амбициозни и бележат одлични резултати.
Еден од тие е и тимот до 13 години кој цврсто гази во Лигата. Досега одиграа 13 средби, пронижаа исто толку победи, без пораз или нерешен резултат и со одлична гол-разлика од + 52. Тимот кој го води младиот тренер Славче Соколовски има недостижни 39 бода, дури десет повеќе од второпласираниот Спринг Хилс. Третиот, Есендон Јунајтед, заостанува дури 15 бода, има 24, а четвртиот Поинт Кук има само 23 бода итн.
Боите на Алтона Маџик Вардар ги бранат следните млади играчи кои се иднината на првата екипа: Мелесе, Николче Митревски, Антони Несторовски, Даниел Раденковиќ, Антони Стојчевски, Мухамед, Мазен, Брендон Димовски, Кантар Хисам, Асраф Дауби, Вахид Дауби, Валид Етасан, Џек Флахерти, Стан Четане, Хунтер Гоуки…
Трајче Бошковски