Битолското пензионерско друштво минатиот понеделник го организираше традиционалниот избор за Мелбурн, куп во кој се бира жената со најубава капа.
Мелбурн е насекаде познат по одржувањето на најголемата трка на јужната хемисфера, и секако по модата која се асоцира со градот на културата и убавината. Изборна комисија ја водеа трите дами: Ваница Павловска, Лидија Богдановска и Ленче Дојчиновска кои имаа тешка задача но на крај ги избраа како најдобра капа на Даринка Петровска, второпласирана беше Јана Илиевска и трета беше Цена Стојев. Трите првопласирани ржени добија букет цвеќе.
Текст и фото: Вера Начковска
