По традиција за Мелбурн куп нашите пензионери на собирите преку целата недела организираат богато празнување.
Дамите на пензионерската група на “Св. Ѓорги” во Епинг беа облечени прекрасно со шапки. Слично беше и во женската пензионерска група во библиотеката во Лајло. Додека Битолското пензионерско друштво во Бери Роуд општинскиот центар минатиот понеделник го организираше традиционалниот избор за Мелбурн, куп во кој се бира жената со најубава капа. Изборната комисија имааше тешка задача но на крај ја избраа како најдобра капа таа на Летка, второ пласирана беше Драга и трета Грозда. Трите првопласирани жени добија букет цвеќе.
Текст и фото: Вера Начковска


