„Шарената револуција“ ќе оди во мирување, се очекува да продолжат политичките преговори

По речиси двомесечни протести, “Шарената револуција” ќе оди најверојатно во мирување за да се даде простор да продолжат преговорите помеѓу политичките чинители. Нема повеќе да има протести секој ден во 18 часот, надмудрување со полицијата и гаѓање со бои.

“Нема веќе да не гледаат само во шест, но ќе не гледаат секој ден, се посилни”, најавија од „Шарената револуција”.
Од граѓанската инцијатива „Протестирам” и „Шарената револуција” до 18 јуни побараа итно исполнување на два услови:
1.Произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, (СЈО) затоа што правдата и борбата против криминалот се уставни категории и не смеат повеќе да бидат под закана! и
2.Запирање на прогонот врз демострантите, што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз цлободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт.
Како што најавија, доколку овие услови не бидат исполнети до поставениот рок, слободата и демократијата ќе ги земат во свои раце.
Уште во почетокот на протестите, на 12 април, кога претседателот Ѓорге Иванов ја објави одлуката за аболиција, протестантите ги истакнаа главните барања, меѓу кои: целосно повлекувања на помилувањата, оставка од шефот на државата, Уставниот суд да го потврди СЈО, формирање специјално кривично одделение во Судовите, формирање техничка влада која ќе овозможи фер и кредибилни избори, активно вклучување на граѓанскиот сектор во решавањето на кризата…
ПРВИОТ УСЛОВ СЕ ИСПОЛНИ, А ЗА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОСЛЕДНИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОСТАВИ ПРОСТОР ЗА ПРЕГОВОРИ ВО КОИ, КАКО ШТО НАЈАВУВА ОПОЗИЦИСКАТА СДСМ, ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР.

Останати вести