Премиерката вети дека ќе стави крај на „шаторската пресметка“

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклиан даде до сега најсилни индикации дека нејзината влада конечно се подготвува да го прекине status quo со градоначалничката Кловер Мор околу шаторите на плоштадот Martin Place.

Додека продолжува нерешливата ситуација, државната влада изјави дека се подготвува да делува, но „само ако биде потребно”. Општинската самоуправа на градот Сиднеј тврдоглаво одбива да превземе одговорност за судбината на кампот, вперувајќи прст еден кон други. Додека државата и полицијата тврдат дека Градското собрание може да ги конфискува шаторите и имотот, Мор тврди дека нема овласување да тргне против луѓето. Изјави дека ова е одговорност на државата бидејќи плоштатод Martin Place потпаѓа под Законот за државна сопственост. Накусо се чини дека дојде до напредок кога сите страни се сретнаа во петокот. Министерката за социјално домување, Пру Говард по состанокот изјави дека Советот мора да го преземе следниот чекор, а Мор објави попис на барања кои прво мораат да се задоволат. Береџиклиан изјави оти владата ги „истражува сите можности за да го реши овој проблем”. Државата претходно изјави дека не сака да го применува Законот за кралска земја за да ги избрка луѓето од плоштадот Martin Place затоа што неговата примена вклучува долготраен и комплициран судски процес и издавање судски налози. Но разбира дека оваа можност и понатаму е понудена како последен излез.

Останати вести