Новата студија тврди дека исфрлањето на шеќерот од исхраната само девет дена може значително да го подобри здравјето, пренесува „Индепендент”.
Студијата, која е објавена во магазинот „Обесити”, го заменила внесот на шеќерот кај 43 премногу дебели деца со скроб, па тврди дека со тоа докажала дека шеќерот е штетен за здравјето не поради калориите туку поради напорот за метаболизмот.
Авторот на студијата Роберт Лустиг, педијатарски ендокринолог, рекол дека истражувањето открило дека во текот на примената на новата диета кај учесниците во истражувањето дека нивоата на холестеролот се поправиле, а нивоата на инсулинот паднале.
– Сè се подобри. Ова откритие ја поддржува идејата дека е неопходно за родителите да го надгледуваат внесот на шеќерот кај своите деца и да внимаваат на здравствените влијанија на храната која нивните деца ја консумираат – тврди Лустиг.
Истражувањата на Лустиг им опонираат на размислувањата коишто ги поддржуваат милтинационалните компании, тврдејќи дека дебелината не е резултат на внесот на шеќерот туку дека е резултат на прекумерниот внес на калории. Лустиг на ова обратил посебно внимание па во текот на истражувањето ја одржувале тежината на децата, а оние кои губеле килограмите ги поттикнувале повеќе да јадат.
– Калориите од шеќерот се најлоши, поради тоа што се претвораат во маст во црниот дроб, кревајќи ја отпорноста на инсулин и зголемувајќи го ризикот за дијабетес како и за болести на срцето и црниот дроб – рекол Лустиг.
Студијата на Лустиг доаѓа откако британскиот премиер Дејвид Камерон одби да воведе данок на шеќер.