Илавара Меркури Премиер лига, 1 коло
Во петокот започна првото коло на Илавара Меркури Премиер лигата, а нашата Волонгонг Јунајтед играше нерешено во гости против Волонгонг Олимпик 2–2.
Лавовите од Кригнила на своето гостување забележаа пораз од Вунона со три спрема нула. Единствен од македонските тимови во првото коло што забележа победа беше Шел Ков кој на домашен терен го совлада хрватскиот тим Саут Кост Јунајтед од 2–1.
Во сабота, на 2 април, се игра македонскоиот дерби натпревар а Волонгонг Јунајтед ја пречекува екипата на Шел Ков со почеток во 14:30 часот. Во недела, на 3 април, Крингила Лајонс гостува на теренот на Кемблавара Фјури со почеток во 14:30 часот.