20 годишно момче со Даунов синдром е застрелано од шведската полиција по грешка, бидејќи носело во рацето играчка пиштол.
Полицајците се посомневале дека пиштолот е вистински и процениле дека момчето е закана за безбедноста, по што пукале во него, пренесува Би-Би-Си.
Инцидентот се случил во округот Васастан во Стокхолм. Тројца полицајци му се приближиле на Ерик кој во раката го држел пиштолот, несвесен дека полицајците заради играчката ќе пукаат во него.
Мајката на 20 годишното момче кое покрај Даунов синдром имал и благ облик на аутизам, изјавила за медиумите дека Ерик бил најљубезниот човек на светот, а играчката пиштол ја добил подарок за што бил многу радосен.
Шведката јавност е шокирана од овој несреќен случај и бара целосна одговорност за него.