Сиднам Парк Македонија – Престон Македонија 1:1

Престон Македонија

Прва државна лига на Викторија северо–запад, 12 коло
Македонскот дерби во кое во првото полувреме надмоќни беа гостите кои создадоа повеќе шанси и доминираа во играта. Бале Мицовски ја искористи доминацијата и постигна убав гол со глава за водство на Лавовите во 30 минута.

Во второто полувреме се смени ситуацијата и Сиднам ја презеде иницијативата, но Престон Македонија ја одржуваше предноста до крајот на средбата кога резултатот го израмни Лорензо во 93 минута.
Натпреварот на резервните тимови заврши со победа на Престон Македонија од 1–2.
Во сабота, на 25 јуни, Сиднам Парк Македонија игра во гости кај Вестгејт ФК со почеток во 17:30 часот.
Во недела, на 26 јуни, Престон Македонија на домашен терен ја пречекува екипата на Кило Парк со почеток во 15 часот.

Сиднам Парк Македонија

Останати вести