Сиднам Парк Македонија – Вестерн Сабрбс 3:0

Прва државна лига на Викторија, 21 коло
Деветта поред победа на Сиднам Парк Македонија, и се изедначи со бодови на првото место со Вестер Сабрбс.

Единствено подобрата гол разлика сеуште им дава предност, но после оваа победа нема сомнеж кој е најдобриот во лигата. Во првото полувреме се играше без голови, но затоа во вториот дел трипати се тресеше мрежата на гостите.
Сега само еден гол разлика е оддалеченоста од првопласираниот и нашата второпласирана Сиднам Парк Македонија. Последната средба ќе биде одлучувачка за тоа кој ќе биде овогодишен шампион. Вестерн Сабрбс ќе игра против Корајо, екипа која се бори за опстанок во лигата, и сигурно ќе го даде својот максимум да ги освои трите бода.
Во сабота, на 5 септември, Сиднам Парк Македонија во последното коло игра во гости против Дајмонд Вали Јунајтед со почеток во 15 часот.

Останати вести