Сиднеј прогласен за најдобар град за живеење !

На листата на најдобри градови за живот на прво место се најде Сиднеј, а и второто место му припадна на австралиски град, со што најмалиот континент го прави најдобро место за живеење на планетата. 

Во истражувањето спроведено од институтот за репутација во Данска во кое учествувале 19 000 луѓе од земјите членки на групата Г8 – Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД, Канада и Русија -кои ја оценувале привлечноста на 100те најистакнати градови на светот.
Резултатите се добиени врз основа на проучување на неколку различни фактори – безбедност, животен стандард, љубезноста на граѓаните, еднаквост на работата на владата, животно окружување.
На листата од 20 најдобри градови на светот, од кои 15 се наоѓаат во Европа, забележано е дека од година во година се поголем е бројот на азијски градови кои добиваат на значење, како Сеул, Карачја и Мумбаја.
Еве како изгледа листата на 10те најпривлечни места за живеење:
1. Сиднеј, Австралија
2. Мелбурн, Австралија
3. Стокхолм, Шведска
4. Виена, Австрија
5. Ванкувер, Канада
6. Барселона, Шпанија
7. Единбург, Шкотска
8. Женева, Швајцарија
9. Копенхаген, Данска
10. Венеција, Италија

Останати вести