Минатава недела, на 9 септември, во Рокдаел на улицата Кинг Стрит се одржа традиционалната прослава по повод денот на независноста на Република Македонија во организација на одборот за прослави и манифестации при Македонската православна црковна општина ”Св. Петка”.
Ова беше и шеста година како се прославува со поставување на македонските знамиња на јарболите на Кинг Стрит во Рокдаел. Градоначалникот на општина Bayside, со македонско потекло Бил Саравиновски, оваа година ја имаше честа да го крене првото знаме.
Пригоден говор за празникот одржа Кире Циревски, кој е иницијатор секоја година да се одржува оваа манифестација во Сиднеј. КУД ”Илинден” со своите играорци ја збогати прославата со сплет од песни и ора.

