Сиднеј прекриен со чад: Поради пожарите високо ниво на загадување на воздухот

Во шумските пожари околу Сиднеј изгореа речиси милион хектари земјоделско земјиште и нискостеблести растенија.

Во некои делови од Сиднеј, концентрацијата на чадот е десет пати поголема од дозволената, а властите ги предупредија граѓаните на најголемиот австралиски град дека постои опасност по нивното здравје.
Силниот ветер разгоре околу 60 пожари во Нов Јужен Велс.
„Кај поголемиот дел од луѓето чадот предизвикал и алергични симптоми во очите, носот и грлото. Но, луѓето кои имаат астма или ангина многу се почувствителни на влијанието на чадот” – изјави Ричард Брум, директор на одделението за здравје и околина во Нов Јужен Велс.
Нивото на загадување на воздухот во Нов Јужен Велс е рекордно зголемено, а чад што се шири од шумските пожари претставува опасност за возачите поради намалена видливост.
Сиднеј повеќе денови по ред е прекирен со чад, со што е рангиран на листата на десет најзагадени градови во светот. Во Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија и Квисленд и понатаму има активни пожари.

Останати вести