Сиднеј се враќа во нормала

Нов Јужен Велс ќе ги олесни дополнително ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани директивите за компаниите со кои вработените мораа да работат од дома затоа што три недели нема локален пренос на коронавирус, рече премирката Гледис Береџиклиан.

За разлика од многу други делови на светот, кои воведуваат построги правила за забавување на повторното ширење на коронавирусот, австралиските држави и територии почнаа да ги ублажуваат речиси сите ограничувања во последните неколку недели. Тоа обезбеди огромен поттик за разнишаната економија на земјата во периодот пред Божик.
Нов Јужен Велс им овозможи на рестораните, пабовите и на кафулињата да го зголемат капацитетите од 1 декември.
Во обид да ги оживее деловните области во Сиднеј, Береџиклиан рече дека ќе ја отстрани наредбата од 14 декември, со која се бараше работодавците да им овозможат на вработените да работат од дома за време на пандемијата.
„Треба да осигуриме дека нашата економија продолжува да се движи, да работиме и луѓето да се чувствуваат побезбедно во 2021 година за својата заработка и работа”, изјави Береџиклиан пред новинарите во Сиднеј.
Таа исто така рече дека поради овие промени, во јавниот превоз ќе има повеќе луѓе, а државата ќе размисли да ги казни оние што не носат маска додека патуваат со автобуси, возови и траекти.
Оваа најава следува откако Нов Јужен Велс 20 дена по ред не регистрира локален пренос на коронавирус.

Останати вести