Сиднеј обоен во црвено и жолто

Во оорганизација на Светскиот Македонски Конгрес – Австралија со Културно-уметничкото друштво ИЛИНДЕН од Сиднеј и македонските организации во Нов Јужен Велс минатава недела, во Tumbalong Park, DARLING HARBOUR во Сиднеј, се одржа Македонски собир за заедничка и унитарна Македонија.

Пораката од овој настан беше поддршка за претседателот Ѓорге Иванов да не го дава мандатот за формирање на влада на Зоран Заев. Потоа дека Македонците во Австралија ја отфрлаат „Тиранската платформа”, што е вовед кон бинационална и двојазична Македонија.
Џош Шерман и Стеван Каранфиловски, како дел од организаторите успешно ја водеа програмата заедно со Џим Стефановски, национален ко-претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Австралија и претседател на СМК за Нов Јужен Велс.
Следеше писмо од претседателот Ѓорги Иванов што беше прочитано до присутните кое беше поздравено со овација од собраниот народ.
На бината се појави Креиг Кели, федералниот парламентарец од Либералната партија кој дојде да изрази поддршка за признавање на името Република Македонија, бидејќи тоа е право на секоја држава сама да си го одредува името. И побара владата на Австралија да ја подржи Македонија, а тој нагласи дека веќе одамна е задоцнето признавањето на Република Македонија со уставното име.
Дејвид Џон Кларк, либерален пратеник во НЈВ имаше силен говор дека Македонија е границата која нема да ја помине исламскиот фундаментализам.
Потоа настапија нашите најдобри амбасадори на културата KУД Илинден со сплет ора. Од бината се обратија отец Димче Воиновски од МПЦ “Св Богородица” од Ливерпул, Љупчо Стефановски, претставник на Македонската црковна општина “Св Димитрија Солунски” од Волонгонг кој ги присети политичарите дека нашата држава не е само нивна, и дека не можат да прават што сакаат. Илјадници Македонци го имаат дадено својот живот за обединета Македонија.
Душан Ристевски, претседател на најстарото литературно друштво на заедницата “Григор Прличев”, изрази загриженост за иднината на Македонија и несериозноста на политичките партии и прочита поезија, исто како и Иван Трпоски. Питер Коминовски од име на фолклорните друштва изјави дека треба да се прекине со разговорите за разликата за името. Македонците во Австралија отфрлаат промена на името, знамето, грбот и химната, рече тој.
Цане Ѓуровски и Верка Пауновска испратија пораки од пензионерските друштва, додека Зак Гулевски од Бенкстаун Сити Лајонс во име на спортските друштва. На присутните им се обрати и познатиот активист и публицист Виктор Бивел.
Амбасадорот на Република Македонија, Веле Трпевски, ја прими приготвената декларација од овој собир на Македонците во Нов Јужен Велс.

Останати вести