Силна бура го погоди Нов Зеланд

Силна бура го погоди Нов Зеланд. Ветрот достигна брзина од 200 километри на час, а 200.000 луѓе останаа без електрична енергија во своите домови.

Службата за итна помош во Ок­ленд, град со околу 1,5 милиони жители, беше преплавена со повици. Меѓународниот аеродром во Окленд беше повремено затворен поради ветер и авиокомпанијата „Ер њу Зиланд” јави дека е нарушен бројот на летови.
Метеорологот Филип Данкан изјави дека очекувале силен ветер, но ја потцениле неговата сила. Лошото време во Окленд ќе потрае до петок.

Останати вести