Не можеме да го сузбиеме вирусот без силни мерки

Во вториот град по големина во Австралија, Мелбурн воведен е шест неделен карантин, а властите се решија на овој потег за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека од среда навечер луѓето мора да останат во своите домови, освен за работа, итни обврски, медицински третман или училиште.

Во домовите не смеат да се примаат гости, а училиштата во погодените области нема да ги отворат своите врати уште една недела, како што е предвидено со училишниот календар.
Во Мелбурн се забележани во еден ден 288 нови заразени со коронавирус во еден ден, што е најголемо зголемување од почетокот на кризата.
„Ова е неодржливо голем број нови случаи. На тоа ниво, невозможно е да се контролира вирусот без значителни мерки”, изјави тој пред новинарите.
Ендруз изјави дека во Мелбурн се очекува „огромна штета” поради воведувањето блокади, но инсистира на тоа дека нема алтернатива и дека пандемијата ќе однесе илјадници животи доколку излезе од контрола.
„Местата што постепено се отвораа ќе мора да се вратат на исклучиво на систем за достава”, рече тој. „Другите бизниси што отворија ќе треба да се затворат”.
„За нас ќе биде голема работа да продолжиме да даваме поддршка”, додаде тој.
Други австралиски држави и територии продолжуваат да бележат мал број на нови инфекции и им забраниле влез во нивната територија на жителите на Викторија.
Од почетокот на епидемијата во Австралија има вкупно околу 8.500 заразени и 106 смртни случаи.

Останати вести