За силување на туристка – пет доживотни казни

Суд во индискиот главен град Њу Делхи осуди пет лица на доживотна казна затвор за групно силување на жена од Данска. 52-годишната туристка била ограбена и силувана под закана со нож во јануари 2014 година.

Девет лица, меѓу кои тројца малолетници, беа уапсени за злосторството. Еден од обвинетите почина, додека на малолетните лица им се суди во суд за малолетници.
Надзорот на сексуалното насилство во Индија се зголеми од групното силување во 2012 година и убиството на студент во автобус во Делхи.
Петте лица имаат право да поднесат жалба на пресудата на повисок суд. Туристката се загубила на пат до хотелот во областа Пахаргањ во Делхи, кога им се приближила на мажите да праша за насоки.
Таа даде детална изјава во полицијата за тоа што се случило со неа во присуство на данскиот амбасадор, пред да замине од земјата кусо време по нападот.

Останати вести