Честопати луѓето знаат да кажат дека зелените очи се сладострасни, темните очи се искрени, а за сините очи се вели дека се урокливи. Можеби во сето тоа има малку вистина.
Научниците, пак откриле една чуден факт, а тоа е дека ако имате сини очи, ќе имате непријатно чувство додека го читате овој текст поради нешто што се случило околу 10.000 години.
Сите луѓе некогаш имале темни очи. Универзитетот во Копенхаген тврди дека сите луѓе со сини очи имаат ист предок и дека сите синооки луѓе се роднини.
Научниците ги истражувале гените на околу 800 луѓе со сини очи и откриле дека 99,5 отсто имаат иста мутација, и дека делат генетски материјал токму како и роднините. Тоа значи дека се започнало од еден човек. Кај луѓето со темни очи тоа не е случај, бидејќи има многу варијации на гените. Инаку постои теорија за синооките луѓе дека тие заживеале бидејќи тоа биле луѓе кои биле попривлечни и полесно одбирале партнери.
Бојата на човечките очи се променила еволутивно ред бојата на кожата. тоа значи дека црномурестите луѓе од Африка би можеле да имаат сини очи.