Заменикот на главниот доктор на Австралија беше внимателно позитивен кога зборуваше за способноста на Викторија да се бори против вирусот. Бидејќи бројот на случаи е стабилизиран на околу 350 во тек на минатата недела д-р Nick Coatsworth вели: „Изгледа го достигнавме врвот”.
Пред две недели за поширокото градско подрачје на Мелбурн се воведоа рестрикции од 4-та фаза, кои се очекува да траат барем уште четири недели, д-р Coatsworth изјави дека добри вести се на повидок.
„Тоа што го чекаме е оној момент кога на граѓаните ќе можеме да им кажеме оти нивниот труд се исплатеше и бројките паѓаат. Се уште не е дојдено до тоа, но не се сомневам дека ќе се случи. Ако имате на ум дека рестрикциите од 3-та фаза веќе не доведоа до врвот, рестрикциите од 4-та фаза ќе донесат резултати” – вели тој.
Д-р Coatsworth изјави дека во Викторија во моментов репродуктивниот број е „основен” односно е нешто под еден. Репродуктивниот број ни говори колку луѓе ќе зарази едно болно лице. „Во идеална ситуација тој број би требало да биде околу 0.5 но тоа ќе можеме да го видиме во следните неколку денови”.
Изјавите на д-р Coatsworth говорат во прилог на анализата дека пандемијата предизвикана од коронавирусот во Викторија врвот го имала на 30 јули и тоа дава надеж оти е помината најлошата криза.
Минатата недела епидемиолог од Универзитетот во Мелбурн, проф. Tony Blakely, за news.com.au даде детали за оваа анализа објавени на платформата Pursuit која користи петодневен просек на бројот на заразени и така дава прецизна слика за состојбата во државата.
Анализата кои ја даде проф. Blakely исто така наговестува дека врвот на пандемијата бил на 30 јули и тогаш бројот на случаи го достигна врвот, околу седум денови по воведувањето на обврската носење маски во Мелбурн што беше на 23 јули.
Викторија во сабоатата, 15 август, забележи 303 нови случаи на коронавирусот и имаше 4 смртни случаи.
Вкупно 680 луѓе се во болница, а од нив 49 примаат интензивна нега. На респиратор се 28 лица.
Премиерот Даниел Ендрус во неделата изјави дека се уште има 2.258 случаи на непознат извор.
„Односно 174 случаи меѓу тие мистериозните случаи претставуваат наш најголем предизвик” – вели тој.
Во останатите држави вирусот ефикасно е ставен под контрола. До сега се потврдени околу 22.763 случаи и 379 починати од последици предизвикани од КОВИД – 19.