Сирија да се подели!

Поранешниот генерал во НАТО, Џејмс Ставридис, смета дека сценариото ќе оди по примерот на Југославија.

Поранешниот главен командант на НАТО за Европа, Џејмс Ставридис, изрази мислење дека е време Сирија да се подели на неколку делови.
Тој дури и предложи неколку опции за тоа сценарио, вклучително и примери на Југославија, на БиХ и Ирак.
Ставридис вели дека војната во регионот нема да биде набрзо завршена, наведува Форин полиси.
Клучен проблем на Сирија е што главните сили сами не можат да се договорат за излез од кризата – САД и Русија не се со ист став за судбината на Асад.
Тој ја гледа поделбата на следниов начин: околу Дамаск ќе се појави алавитски регион под управа на Асад или оние што ќе го заменат.
Со централниот регион со време ќе почне да управува умерен сунитски режим.
На исток во државата може да се појави курдска енклава.
„Сепак, пред да се донесе таква одлука, треба да се разгледаат последиците од такви чекори”, смета Ставридис.

(МИА)

 

Останати вести