Австралија нема да испрати копнени сили во Сирија и Ирак

Владата на Австралија не планира да испраќа на Блискиот Исток копнени сили за борбени активности против терористичката група „Исламска држава”. Тоа го изјави австралискиот премиер Мал­ком Трнбул во Канбера. 

„Засега немаме планови да го менуваме карактерот на австралиското (воено) присуство во Ирак и Сирија”, рече Трнбул пред парламентот. Според него во моментов меѓу светските лидери нема поддршка за предлогот од САД за копнени сили во двете земји. По несреќата со рускиот авион над Египет и терористичките напади во Париз, Русија и Франција почнаа поенергични операции против фундаменталистите, но на крајот во Сирија ќе има потреба од политичко решение.
„Во борбата со Исламската држава нема брзи решенија. Оваа борба се води не само со воени и политички средства, но и на идеолошкиот фронт, бидејќи екстремистите преку социјалните мрежи го користат просторот за пропагандни цели”.
Прајминистерот повика на споделување на разузнавачки податоци меѓу земјите од Југоисточна Азија. „Од австралиска гледна точка ние гледаме реална опасност терористичките гру­пи во регионот да бидат инспирирани од нападите кои ги видовме во Анкара, Бејрут, Париз и Бамако. Стотици илјади Австралијци ја посетуваат Југоисточна Ази­ја секоја година”, изјави Турбул.
„Ние не можеме да го запреме екстремизмот сами”, додаде тој.

Останати вести