Сирија ќе бара од ОН да се разгледа прашањето за кражбата на сириската нафта и од САД ќе бара компензација поради тоа, изјави сирискиот претседател, Башар ал-Асад, пренесува „Спутник”.
Истовремено, тој ги критикува ОН дека се претвориле во полудржава со која управуваат банди по принципот кој е посилен.
„Познато ми е, како и на многу други држави во светот, дека ОН, всушност, не постојат бидејќи денес не постои меѓународно право. Живееме во свет што повеќе лични на оној од Втората светска војна отколку на оној по неа. Ние можеме да се жалиме колку што сакаме, но тие жалби завршуваат во фиока”, посочи Асад. Речиси 90 отсто од сириската нафта се наоѓа на источниот брег на реката Еуфрат, каде што претходно се наоѓаше упориштето на Исламската држава. Таа територија денес е под контрола на курдските одреди на Сириските демократски сили, сојузици на САД. Претставникот на Пентагон, Пет Хофман, рече дека целата заработка од сириската нафта оти токму кај Сириските демократски сили, а министерот за одбрана, Марк Еспер, истакна дека Американците ќе ги бранат нафтените полиња и ќе одговорат со сила на каков било обид за нивно заземање.