Сириски бегалци што глумеле дека се одбојкарска екипа уапсени на аеродромот во Атина

Грчката полиција уапси 10 сириски бегалци на меѓународниот аеродром во Атина. Групата се претставувала како одбојкарска екипа и се обиделе да патуваат со нелегално добиени пасоши.

Полицијата соопшти дека бегалците влегле во Грција без правни документи и пристигнале на аеродромот „Елефтериос Венизелос”, со надеж дека маскирањето ќе им помогне полесно да ги поминат контролите.
Тие носеле исти дресови, исти спортски торби, а освен тоа, понеле и две одбојкарски топки.
Но граничната полиција утврдила дека пасошите што ги дале биле нелегално добиени и ја уапсила групата.
Според полициски извори групата се надевала дека ќе отпатува во Цирих со украински пасоши.

Останати вести