Болеста позната како лишманијаза често се појавува во Сирија при што на луѓето им трули месото на телото. Се претпоставува дека главната причина се мртвите тела кои џихадистите ги фрлаат по улиците, а на кои се развиваат паразити. Тие паразити до здравите луѓе ги пренесуваат мувите.
Во 2015 година повеќе од 500 луѓе настрадаа од оваа болест, а се верува дека бројката уште ќе расте.
„Главната причина поради ваквото брзо ширење на лиманијазата се мртвите тела кои војнииците на исламската држава ги фрлаат по улиците во Сирија”, изјави Дилкаш Иса, шефот на курдската хуманитарна организација. Светската здравствена организација предупреди дека здравствениот ситем на Сирија падна на најниско ниво во последните пет години.
