Над 80 отсто од новите случаи на коронавирусот во Викторија од средина на мај се заразени на работните места, изјави премиерот Даниел Ендрус кога објави за новозаразените случаи. Значително е ширењето на вирусот во секторот за грижа за стари лица каде привремените работници редовно се движат од една во друга установа, изјави Ендрус.
Во Викторија до сaботата вкупно се забележани над 7,405 случаи од кои 5.433 во Мелбурн, а починаа 55 лица.
Премиерот изјави дека пандемијата укажува на „големиот предизвик” со што се соочуваат привремените работници кои немаат можност да одат на боледување. Како одговор на оваа ситуација владата на Викторија и федералните власти воведоа план со кој ќе му се помогне на секторот за грижа на стари лица со давање финансии во цел да се редуцираат привремените работници кои се движат од центар во центар како и за дополнителни мерки за контрола на инфекцијата и за поголем број тестирања.
„Знаеме дека имаме мобилна работна сила, привремена работна сила како и вработени кои работат во повеќе домови за стари лица. Во последните неколку денови имаме конкретни примери преку кои се гледа дека заразата ја пренесуваат вработени кои работат во неколку центри за грижа за стари” – рече министерката за здравство Jenny Mikakos.
Таа нагласи колку е важно луѓето чии тест бил позитивен, поради контакт со потврден случај, да одат во самоизолација или да не одат на работа. При тоа потсети на можноста привремените работници да добијат поддршка од 1.500 долари од државата во вакви ситуации.
Во Викторија се донесени мерки за ограничување на движењето и напуштање на домовите во Мелбурн и Mitchell Shire, а од минатиов четврток се воведе здолжително носење маски за сите кога ќе се излегуваат од дома.
Премиерот Ендрус воведувањето на ова правило бара да се почитува велејќи дека оние граѓани кои нема да се придржуваат до мерките ќе бидат казнети со 200 долари. Маските ќе мораат да ги носат сите граѓани постари од 12 години. „Повеќето од нас не излегува од дома без клучеви, а не би излегле и без мобилен телефон. Исто така од сега нема да можете да излезете од дома без маска” – вели тој. Нагласи оти покривалото за лице не мора задолжително да биде медицинска маска, туку можат да се користат шалови, бандани или нешто слично.
Бројот на нови случаи во Викторија порасна за 357, во петокот бројот на новозаразени беше 428, починаа двајца мажи и една жена, сите беа во своите 90-ти години старост. Од новите случаи 36 се поврзани со познати жаришта на вирусот, а 327 се уште се истражуваат, изјави Ендрус.
Вкупниот број на моментално активни случаи во Викторија изнесува 3,734, хоспитализирани се 206 лица, а 41 од нив се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега. Од активните случаи, 287 се жители во различни социјални стамбени единици во северен Мелбурн и Flemington.
Во меѓувреме се испостави дека 54-ца од новите случаи живеат во државните стамбени единици во Carlton. Во тек е истрага за тоа дали и на кој начин се поврзани овие случаи.
Од вкупниот број заразени во Викторија, 418 се медицински лица, од нив 166 моментално се болни, а најчесто се заразиле во заедницата.
Моментални случаи поврзани со поголеми жаришта на вирусот:
– 198 случаи се поврзани со муслиманскиот Al Ataqwa College
– 53 случаи се поврзани со компанијата Somerville Retails Services во Tottenham
– 35 случаи се поврзани со JBS во Brooklyn
– Шест случаи се поврзани со компанијата Australian Lamb Cоmpany во Colac
– Три случаи се поврзани со Australian Pharmaceuticals Industries во Dandenong
– Три случаи се поврзани со Dairy Country Tullamarine
– Шест случаи се поврзани со Goodman Fielder Pampas во West Footscray
– Шест случаи се поврзани со болницата Warringal во Heidelberg
– 73 се поврзани со грчкиот старски дом St Basil’s во Fawkner од каде има 5 починати
– 48 случаи се поврзани со Estia Health во Ardeer
– 34 случаи се поврзани со Glendal Werribee дом за стари лица
– 22 случаи се поврзани за домот за стари Embracia Moonee Valley во Avondale Heights
– 8 случаи се поврзани со домот за стари лица Japara Central Park во Windsor
– Нови случаи се поврзуваат и за три нови домови за стари лица, а поединечни случаи се поврзуваат со Bluecross Ruckers Hill во Nоrthcote, и во католичките домови Villa Maria во Alphington и Japara Highbury во Glen Waverley
Првите десет локални општини по бројот на случаи во Мелбурн се:
1. Hume: 343
2. Wyndham: 460
3. Melbourne 263
4. Brimbank: 436
5. Moonee Valley: 207
6. Moreland: 227
7. Whittlesea: 228
8. Banyule: 139
9. Melton: 169
10. Casey: 130