Што се случува кога ќе ги фатиш сите Покемони?

Што се случува кога ќе ги фатиш сите Покемони?
Ник Џонсон е познат во Покемон круговите како „Покемон гоу мастер”.

Тој е првиот човек во светот, кој успеа да ги фати сите 145 Покемони. 141 од нив можат да бидат откриени во секоја држава, но има четири, кои се скриени во четири одделни региони – еден во Европа, еден во Северна Америка, еден во Азија и еден во Австралија и Нов Зеланд. Џонсон работи во Бруклин, САД, а другите континенти ги посетил како турист.
Сега е во Јапонија и се надева дека ќе го поканат да го посети седиштето на компанијата, која ја разви играта, но се уште нема одговор на барањето. Мислењето на мајсторот во ловот на виртуелните ликови е дека „Покемон гоу” е револуција во мобилните апликации.
– Сигурно ќе продолжам да играм. Има уште многу легендарни Покемони кои не се ставени во играта. Очекувам наскоро тоа да се случи. Се надевам дека ќе се стават и дополнувања, како трки за лов на Покемон кои ќе го зајакнат директниот контакт меѓу корисниците. За многу луѓе, а и за мене, ова останува одличен начин да го поминете слободното време со пријателите и да спортувам на отворено, вели тој.

Останати вести