Сите сакаат во Сиднеј, никој не сака да го посети Њу Делхи

Главните градови на Индија и Индонезија се најдоа при врвот на листата на градови од кои туристите носат лоши спомени и не би сакале повторно да ги посетат.

На „црната листа” што со анкета на 77.000 читатели ја направи угледниот Конде травелер магазинот, се најдоа и Москва, како и египетската метропола Каиро. На изненадување на многумина, меѓу десетте најнепосакувани градови од страна на туристите се најде и францускиот Кан, една од најмонденските и атрактивни дестинации на Азурниот брег.
На светската листа на посакувани градови, најпозитивен однос на туристите добиле Сиднеј, Австралија, Даблин од Ирска, Квинстаун од Нов Зеланд, полски Краков и Бриж од Белгија.
Објавувајќи ја листата на посакуваните и непосакуваните градови од светот, Џакарта пост пренесува и еден коментар на анкетираните во кој се вели дека додека престојувал во Џакарта се чувствувал несигурно и небезбедно, а традиционалното и атрактивно локално јадење Наси паданг му била единствената утеха и малку му ја намалило траумата од престојот таму.

Останати вести