Ги гледам децата на скајп

Фолк-пејачот Гоце Пејковски пред неполни два месеци доби близначиња, но сe уш­те не ги видел. Тој уш­те е во Македонија и чека виза, додека неговата сопруга со ќерките Николина и Николета се породи во Сиднеј, каде и што живее. Тој се надева дека идниот месец конечно ќе ја добие визата и дека ќе го види семејството. 

– Љубовта со сопругата Наташа беше љубов на прв поглед. Се запознавме на свадба и се засакавме. Брзо откако ја почнавме врската таа остана бремена и на почетокот на летото направивме свадба. Таа мораше да се врати за Сиднеј, а јас останав да чекам додека да се средат документите. На Св. Никола минатата година се породи со нашите ќеркички и бидејќи се родени на овој голем православен празник ги крстивме Николина и Николета и јас засега ги гледам само преку Вајбер и Скајп. Ги бројам деновите додека да ја добијам визата за да можам да заминам. Многу ми е тешко што сум толку далеку од нив. Не можев на Наташа да и се најдам во најважниот момент од нашите животи. Кога најмногу и требав, беше сама. А ќеркичките едвај чекам да ги гушнам. Многу ми е тешко кога ги гледам, ниту можам да ги допрам, ниту да ги мириснам. Ми недостасува мирисот на бебињата – вели Гоце.
Пејачот се надева дека најдоцна за еден месец ќе успее да ја добие визата.
– Куферите ми се спакувани. Само го чекам моментот кога конечно ќе ја добијам иселеничката виза и ќе се спојам со семејството. Кога ќе се случи тоа, нема да има посреќен човек од мене. А дотогаш секој ден ќе ја слушам сопругата како ми раскажува колку грама напреднале, дали плачат, како растат – вели пејачот.

(Вест)

Останати вести