Иселеници од Австралија, кои се стекнале со право на користење пензија од Македонија, 8 месеци не добиле ни денар.
Порталот „Скопје 1″ сакајќи да открие која е причината, најпрво се обратил кај портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, кој веднаш ги препратил за ова прашање одговорот да го побараат во Министерството за труд и социјална политика.
Портпаролот на Mинистертсвото ги препратил да се обратат до ПИОМ.
А, од ПИОМ, пак, портпаролката Анифе Зекири, им соопштила дека е на боледување оваа и следната недела. Таа побарала прашањето да ѝ биде испратени на меил и известила дека истите ќе ги одговори во текот на следната недела.
Слично е и нашето искуство од Австралија, кога се ѕвони во пензиоскиот фонд за објаснување прво те ставаат на чекање а после половина саат ти го треснуваат телефонот и те исклучуваат дека не се откажуваш. Дознаваме од сигурни извори дека Австралија размислува да го поништи договорот со Македонија бидејќи од таму не се почитува.