Националната здравствена агенција на Велика Британија утврдила дека пациенти со канцер добивале дијагнози дека се е во ред.
Истрагата почнала по пријава на тројца пациенти во болницата во Портсмаут, кои имале краен стадиум на канцер, а не се лекувале бидејќи резултатите покажале дека се здрави.
Ваквите дијагнози ги добиле од неквалификуван персонал, кои ги читале рендгенските снимки. Комисијата за квалитет на здравствената грижа покрена истрага на национално ниво, кога утврдиле дека млади, неискусни доктори ги читале резултатите од скенирањата, па дури и на пациенти болни од канцер.
Инспекторите откриле 23 000 досиеја за рендгенски снимки, кои никогаш не биле проверени од радиолог или од друг искусен доктор, кој би можел да утврди потенцијално фатална болест.
Истрагата утврдила дека ваквата пракса се одвивала десетина години, без да се проведуваат снимките на гради или абдомен од специјалисти, туку од доктори без никакво искуство.
Последниот случај, кој предизвика лавина реакции се однесува на апциент, кому му било кажано дека скен снимките се чисти, а тој бил во крајна фаза на рак на белите дробови.