Почина навивачот на Лестер, кој се бореше со канцер, но титулата може да му донесе многу пари

Австралиецот Скефингтон почина во средата.
Во март 2015 година нему му е диагностициран канцер и му се даваа максимум четири недели живот, но тој се бореше цела една година.

Според неговите зборови, сила му даваше успехот на Лестер, чиј е тој голем навивач. Како што велеше самиот – ќе почека да го види пехарот во рацете на фудбалерите на Лестер, па потоа ќе замине…
За жал, тој не издржа во својата борба и почина на само четири кола до крајот на првенството.
Но, Лестер може, барем малку, да му помогне на неговото семејство.
Имено, на почетокот на сезоната тој решил да уплати 2 австралиски долари, при квота од 3000/1, дека Лестер ќе стане шампион на Англија. Неговата сопруга по грешка уплати цели 20 долари, па сега, ако Лестер стане шампион, семејството може да добие цели 60000 австралиски долари.

Останати вести