Шкендија и Шкупи ја делат лидерската позиција во ПМФЛ

Шкендија го задржа првото место на табелата во македонската Прва лига (само гол-разликата ја држи пред Шкупи), откако одигра 1:1 со Работнички во дербито на 10-тото коло.

Шкендија успеа да дојде до рано водство со голот на Бесарт Ибраими уште во 16-тата минута, но „романтичарите” успеаја да израмнат во 51 минута со голот на младиот Лука Станковски.
Вардар, пак, мораше да се задоволи само со 3:3 реми со Ренова по тешкиот 1:5 пораз од Шкендија во претходното коло, откако примија гол во 90-тата минута. Вардар по само 13 минути игра имаше 2:0 предност против Ренова со головите на Мирчевски и Попзлатанов, но Ренова во 28. минута намали на 2:1. Петковски стрелаше за 3:1, но Ренова повторно се врати на само гол разлика во финишот на првото полувреме преку Велија, пред Јашароски во 90-тата минута да обезбеди поен за тетовци.Македонија ЃП го заддржа третото место со 3:1 победа над Академија Пандев.

Останати вести